Русинот Аркадиј Дворкович реизбран за претседател на ФИДЕ
Русинот Аркадиј Дворкович доби втор последователен мандат на чело на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
За челното место на ФИДЕ се кандидираа и Украинецот Андриј Баришполетс, Белорусинот Иналбек Шерипов, како и Башар Куати од Франција, кој подоцна ја повлече својата кандидатура.
Од 179 делегати на Конгресот на ФИДЕ, кандидатурата на Дворкович ја поддржаа 159 од нив, додека Украинецот Баришполетс доби 16 гласови.
Портпаролот на Кремљ и претседател на Извршниот одбор на руската шаховска Федерација Дмитриј Песков реизборот на Дворкович го оцени како потврда за неговата ефикасност во работењето, нарекувајќи ја одлуката на мнозинството делегати на ФИДЕ „добра вест“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…
Британски авиони првпат во француска нуклеарна вежба:…
Британски борбени авиони „Тајфун“ првпат учествувале во…
Товарен брод потона крај Романија: Еден загинат…
Еден морнар загина, а тројца се водат…
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…