Објавено на:

Русите бесни на Макрон: Неговите изјави се многу, многу опасни, има нов шериф во градот

t

„Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното распоредување на француско нуклеарно оружје за одбрана од Русија се крајно опасни“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за новинарот на ВГТРК, Павел Зарубин.

„Постојано слушаме изјави од господинот Макрон за нуклеарен чадор за Европа. Тоа звучи многу, многу опасно“, рече портпаролот на Кремљ.

Песков додаде дека Европејците во моментов се во тешка ситуација бидејќи „во градот има нов шериф“, мислејќи на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Новиот шериф им вели: момци, јас ќе направам сè, но вие плаќате. Зголемете ги трошоците за одбрана на 5% и потоа ќе разговараме. Така тие сега треба да излезат од нивната комфорна зона, но поради некоја причина тоа го прават на многу агресивен и милитаристички начин“, рече Песков.

Американскиот претседател постојано ја нагласува потребата од зголемување на одбранбените буџети на членките на НАТО на 5% од нивниот БДП, тврдејќи дека САД претходно покривале голем дел од трошоците, што тој ги смета за неправедни. На почетокот на март, Макрон во обраќањето до францускиот народ најави дека ќе иницира разговори со сојузниците за ставање на европските земји под заштита на францускиот „нуклеарен чадор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…

Некој пукал во бик со воздушна пушка…

Жител на тетовското село Волковија пријавил во…

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…