Објавено на:

Русите ги чекаат своите пет минути: Кога ќе ја завршиме операцијата во Украина никој нема да може да ни се заканува

t

Матвијенко: Кога ќе ја завршиме специјалната операција, никој никогаш повеќе нема да може да ни се заканува

Кога ќе се постигнат сите цели на руската специјална операција во Украина, никој никогаш повеќе нема да може да и се заканува на Русија и нејзините граѓани, изјави претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.

„Сите цели на специјалната операција, како што неколкупати истакна шефот на државата, неминовно ќе бидат остварени. „Тогаш никој никогаш нема да може да ѝ се заканува на нашата земја и на нашите граѓани“, рече таа на седницата на Советот на Федерацијата, посветена на Севастопол.

Матвиенко истакна дека борбата за зачувување на рускиот идентитет во Севастопол и Крим не престанала ниту на денот и во периодот кога регионот бил дел од Украина.

„Денес особено добро разбираме колку беа важни и навремени одлуките донесени во 2014 година. Очигледно е дека „антирускиот“ проект, чие запирање е целта на нашата специјална воена операција, првенствено беше насочен кон полуостровот Крим, кај Севастопол. Тогаш успеавме да ги попречиме плановите на „дерусификаторите“ и да ја одбраниме нашата историја, култура и нашата заедничка иднина. Така ќе биде и сега“, заклучи таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…