Русите горди: Украинските дронови над Крим биле соборени од девојки во руската армија
Два од трите украински беспилотни летала кои утринава се обидоа да го нападнат Севастопол беа соборени од девојки кои служеа во руската армија, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и нареди да им бидат доделени награди.
Како што објасни тој, рано утринава противникот се обидел со беспилотни летала да ги нападне руските објекти на Крим и Севастопол, но сите три беспилотни летала биле уништени.
Инцидентите на небото зачестија во изминатиот период, во неколку наврати дронови беа пресретнувани од авиони, а имаше и средба меѓу борбени авиони на Русија и НАТО.
Светот стравува од нуклеарна катастрофа откако Велика Британија најави дека можно е да испрати осиромашен ураниум во Украина, а Русија жестоко одговори на таквата најава. Рускиот претседател Путин и министерот за одбрана Шојгу, истакнаа дека Русија ќе одговори на сите закани соодветно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…