Објавено на:

Русите заплениле земјоделски машини во вредност од пет милиони евра ама не можат да ги употребат – биле заклучени “на далечина”

t

Руската војска на бојните полиња во Украина запленила земјоделски машини вредни околу пет милиони евра, но машините се исклучени „на далечина“ и не може да се вклучат, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на локален бизнисмен.

Вредните земјоделски возила и машини биле запленети по освојувањето на градот Мелитопол и околината, која е во срцето на житните полиња на Запорожје, во југоисточна Украина.

Руската војска наводно ги однела машините во Чеченија, на околу 1.100 километри од Мелитопол, но таму увидела дека тие се бескорисни, затоа што се исклучени „на далечина“ и заштитени со веројатно непробојни компјутерски кодови.

ГПС-опремата за следење покажува дека машините, меѓу кои има и огромни комбајни, сега се во близина на чеченскиот главен град Грозни, тврди бизнисменот.

„Кога окупаторот ги однесе украдените комбајни во Чеченија, сфатија дека не можат ни да ги вклучат, затоа што тие се „заклучени“ на далечина“, вели изворот за „Си-ен-ен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…