Објавено на:

Русите напредуваат на фронтот, заземен уште еден град во Доњецк

t

Руското Министерство за одбрана денес објави дека руските трупи ја презедоа контролата врз градот Александропољ во самопрогласената Донецка Народна Република.

„Александропољ во Донецката Народна Република беше ослободен со решителни дејствија на единиците на групата на сили „Центар““, се вели во соопштението на Министерството, пренесува ТАСС.

Портпаролот на украинските сили на југот од земјата, Владислав Волошин, вчера изјави дека руските сили продолжуваат со гранатирањето и операциите на југот од Украина, и дека најинтензивните акции се во правец на Новопавловск, каде што се обидуваат да се пробијат до административната граница во регионите Донецк, Запорожје и Дњепропетровск.

Тој додаде дека руските сили во областа продолжиле со артилериско гранатирање и напади со камикази беспилотни летала, како и со воздушни напади со наведувани и ненаведувани бомби, јавуваат украинските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна драма во Македонија: Инцидент меѓу двајца…

69-годишен маж од Гостивар се соочува со…

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…