Русите си го кажаа своето: Поради ситуацијата во Молдавија време е за следната фаза од операцијата!

t

По ослободувањето на ДНР, неопходно е да се започне следната фаза од операцијата, со оглед на моменталната ситуација во Придњестровје и гранатирањето на пограничните региони на Русија, изјави лидерот на ДНР Денис Пушилин.

Тој го имал предвид соопштението на Министерството за внатрешни работи на непризнатата Придњестровска Молдавска Република дека во неделата одекнале две експлозии во населбата Мајак во областа Григориопол, поради што двете најсилни антени на радио центарот, преку кои рускот радио се емитуваше, беа оневозможени. Дополнително, вчера, според првичните податоци на полицијата, од рачен противтенковски фрлач биле испукани повеќе гранати кон зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол.

Поради ситуацијата која моментално се развива во Придњестровје, прекинати се летовите над Молдавија.

Претседателот на Молдавија пак свика состанок на Советот за безбедност поради инцидентите во Придњестровје.

А раководството на Придњестровје наскоро ќе донесе одлука за заштита на интересите на републиката, соопшти заедничката контролна комисија за управување со мировната операција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…