Русите тврдат дека украинска касетна бомба убила новинар во Запорожје, уште тројца се ранети
Воен дописник на руската новинска агенција РИА е убиен, а уште тројца руски новинари се ранети во саботата при гранатирање во близина на линијата на фронтот во југоисточниот украински регион Запорожје, објави руското Министерство за одбрана.
Министерството соопшти дека новинарите биле ранети во украински артилериски напад. Сите беа евакуирани од бојното поле, но дописникот на РИА, Ростислав Зуравлев загина за време на транспортот. Во соопштението на министерството се наведува и дека Украина користела касетна муниција во нападот, но за тоа нема докази, а Ројтерс не можел да ја потврди информацијата од независни извори.
Украина доби касетни бомби од САД овој месец, но вети дека ќе ги користи само за да ги потисне руските непријателски трупи. Таквото оружје содржи многу помали експлозивни направи, т.н. ѕвона кои можат да се расфрлаат на многу широк простор.
Касетната муниција е забранета во многу земји поради потенцијалната опасност што ја претставуваат за цивилите. Украина постојано повторува дека нивната употреба на касетни бомби ќе биде ограничена на бојното поле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…