Русија бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради американските воздушни напади во Сирија и Ирак
Русија побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради американските воздушни напади врз Сирија и Ирак, изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.
„Само побаравме итна седница на Советот за безбедност бидејќи воздушните напади врз Сирија и Ирак ги загрозуваат мирот и безбедноста“, рече тој.
Гвајана, која во моментов претседава со ова меѓународно тело, седницата ќе ја закаже за понеделник во 16 часот по локално време во Њујорк.
Претходно, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Вашингтон ги игнорирал нормите на меѓународното право во врска со американските воздушни напади врз Сирија и Ирак.
Се наведува и дека тоа што авионите на британското воено воздухопловство учествувале во американските напади не треба да создава илузија дека постои некаква меѓународна коалиција, туку дека Лондон сепак треба да одговара за ова и поради поддршката на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…