Русија воведе антитерористички мерки во пограничните области
Русија испрати дополнителни тенкови, артилериски и ракетни системи во јужниот регион курск и воведе антитерористички мерки во пограничните области додека се бори со шокантниот упад на украинската војска на руска територија.
Украинските сили, во меѓувреме, објавија видео на кое наводно се гледа како тие го контролираат градот сужи во близина на границата, што е прв визуелен доказ за нивното прекугранично напредување.
Снимките наводно покажува дека украинските сили контролираат мерна станица за гас управувана од рускиот концерн Газпром.
„Градот е контролиран од вооружените сили на Украина, градот е мирен, сите згради се недопрени“, вели војникот во видеото, додавајќи дека „стратешкиот објект на Газпром“ е под контрола на украинскиот Баталјон.
Се појавија и снимки од укаински војници и во селото пороз, во руската област Белгород, на неколку километри од границата. Датумот на снимањето не е познат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бактерија отпорна на антибиотици се шири во…
Инфекциите на крвотокот предизвикани од бактеријата Klebsiella…
Си Џинпинг со порака до светот: Без…
Мирот, стабилноста, слободната трговија и технолошките иновации…
ГОЛЕМ УДАР ЗА ВУЧИЌ: Европската народна партија…
Европската народна партија (ЕПП), најголемото европско политичко…
Венс по серијата прекини во САД: Владата…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…
Пленковиќ од Вуковар: Нема попуштање кон Србија…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Вуковар…