Русија ги засилува своите линии: 87.000 нови војници заминаа на бојното поле

t

87.000 луѓе од 300.000 поканети во рамките на делумната мобилизација се испратени во борбени области каде што се извршуваат задачи за специјални воени операции (СВО), изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесе ТАСС.

„По дополнителна обука и борбена координација, 87 илјади луѓе беа испратени во областите на воените дејствија“, рече Шојгу на прес-конференција.

Тој рече дека во работата со мобилизираните биле вклучени околу 3.000 инструктори кои стекнале борбено искуство за време на СВО.

„Борбената координација на формираните единици е завршена на полигоните. Главните напори се насочени на теренска обука, способност за користење на комуникации, навигација и извидување. Над три илјади инструктори кои стекнале борбено искуство за време на специјалната воена операција беа вклучени во обуката“, рече тој.Шојгу.

Според него, во центрите за обука се обучуваат екипи на борбени возила и тенкови, артилерици, снајперисти, специјалисти за беспилотни летала, електронско војување и други.

Воедно, министерот за одбрана уште еднаш го привлече вниманието на командантите на воените окрузи и Северната флота на потребата од користење на формираните единици заедно со единиците кои веќе учествуваат во акциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…