Русија ги одзеде лиценците на две бугарски и една чешка воена фабрика
Русија ја прекинува важноста на сертификатите издадени на три претпријатија за поправка на авиони – две во Бугарија и едно во Чешка.
Станува збор за бугарските „Терем – Летец“ и „Авионамс“, како и за чешкиот „Лом Прага“, пренесува Еуроњуз Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, одлуката на Москва е одговор на испораката на воена опрема за Украина од страна на земјите од НАТО и ЕУ.
Таа додаде дека на компаниите ќе им се одземе правото да вршат одржување и поправка на хеликоптери од руско производство.
Министерот за одбрана на Бугарија во оставка, Драгомир Заков вели дека одлуката на Москва не е изненадување, но се уште не е доставен официјален допис од руска страна. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никој не може да го избрише македонскиот…
Македонскиот јазик има свое цврсто место во…
Украинецот што го саботирал „Северен тек“ уапсен…
Хрватската полиција го уапси во Пула украинскиот…
Активни се осум пожари низ Македонија, уште…
На ден 20.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Нови проблеми за Зеленски: под истрага се…
Украинските антикорупциски институции ги прошируваат истрагите за…
Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар –…
Според последните анализи, водата во Гостивар е…