Русија ги прошири вежбите за нуклеарно оружје на границите со шест земји од НАТО
Русија денеска соопшти дека војници и морнари од северниот ленинградски воен округ, кој се граничи со членките на НАТО Норвешка, Финска, Полска, Летонија и Литванија, учествувале во воени вежби со тактичко нуклеарно оружје.
Ова претставува проширување на областа каде што се изведуваат вежби на речиси цела руска европска граница која се протега од Арктичкиот Океан до Црното Море.
Претседателот Владимир Путин минатиот месец нареди вежби во јужната воена зона долж Украина, откако западните власти сигнализираа дека ќе му дозволат на Киев да користи донирано оружје за да нападне цели длабоко во руската територија.
САД и Русија имаат 80 отсто од вкупниот нуклеарен арсенал
Путин во петокот рече дека Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје за да победи во Украина, што е најјасен сигнал на Кремљ досега дека конфликтот во Украина нема да ескалира во нуклеарна војна.
Но, тој исто така не исклучи промени во руската нуклеарна доктрина која одредува под кои услови може да се користи атомското оружје.
САД објавија дека сè уште не гледаат промена во стратешката агенда на Русија, иако разузнавачките претставници многу сериозно ги сфаќаат руските изјави.
Русија и САД се веројатно најсилните нуклеарни сили во светот, држејќи 80 отсто од вкупниот нуклеарен арсенал, според податоците на Федерацијата на американските научници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…