Русија го осуди израелскиот напад врз Либан
Русија, која ја нападна Украина во февруари 2022 година, го повика Израел да ги повлече своите сили од Либан и предупреди дека нападот ќе доведе до дополнителна ескалација на насилството на Блискиот Исток.
„Русија силно го осудува нападот врз Либан и ги повикува израелските власти веднаш да ги прекинат непријателствата, да ги повлечат своите сили од либанската територија и да се вклучат во вистинска потрага по мирни начини за решавање на блискоисточниот конфликт“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази загриженост поради трансферот на израелски војници во Либан и извештајот за израелскиот воздушен напад врз Дамаск во кој загинаа тројца цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ бара референдум за рудникот за антимон…
Мицкоски ја распродава Македонија. Земјата, водата, рудата,…
Нафтата останува над 100 долари – енергетската…
И покрај падот во последните трговски сесии,…
ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС…
Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени…
Италија испраќа воени бродови во Баб ел-Мандеб…
Италија се подготвува да распореди воени бродови…
„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за…
Моделот на вештачка интелигенција „Џемини“ на компонијата…