Русија го тpece Балканот: Бараат повлекување на НАТО од Бугарија и Романија – дали и Македонија е на масата?
Безбедносните гаранции што Русија ги бара од Западot вклучуваат одредби со кои се бара силите на НАТО да ги напуштат Романија и Бугарија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе го запре своето проширување и ќе се врати на своите граници од 1997 година.
Одговарајќи на прашање за тоа што би значело тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството рече дека Русија сака сите странски трупи, оружје и друг воен хардвер да бидат повлечени од тие земји.
На 27 март 2020 година, Република Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Се поставува прашањето дали Русија ќе бара и повлекување на НАТО од Македонија?
Во меѓувреме Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе бидат испратени два баталјона ракетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вооружувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец.
Министерството за одбрана соопштува дека двата баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток
Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35“ и еден ракетен систем „Панцир“.
Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност“, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, како и во близина на нејзиното јужно крило со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…