РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ДА ГИ СЛУШНЕ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ТРАМП; Засега нема основа за дијалог со САД за кризата во Украина

t

Руското Министерство за надворешни работи во овој момент не гледа основа за разговори за продолжување на дијалогот со САД за стратешка стабилност и контрола на вооружувањето, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рбјаков.

Според Рјабков, Москва и Вашингтон „разменуваат сигнали за Украина“ преку затворени канали на воено и на политичко ниво, пренесоа руските меидуми.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги слушне предлозите на новиот американски претседател, Доналд Трамп, за решението на кризата во Украина, но посочи дека едноставно решение нема.

– Ние сме исклучително темелни, одговорни и внимателни кон сите идеи што ќе ги предлат земјите во оваа област – ​​рече Рјабков.

Рускиот претседател, Владимир Путин, во четвртокот му честиташе на Трамп за победата на американските избори, пофалувајќи го за неговата храброст откако вооружен маж се обиде да го убие во јули и рече дека Москва е подготвена за дијалог со него. Путин додаде дека изјавите на Трамп за обидите да се стави крај на војната се вредни за внимание.

Трамп за Ен-Би-Си изјави дека по изборната победа не разговарал со Путин, но дека „мисли дека ќе разговара“.

Рјабков рече дека прекин на дипломатските односи со САД сѐ уште е можен доколку се запленат руските замрзнати средства или доколку Вашингтон ги ескалира тензиите околу Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во британско радио „од љубопитност“ ја…

Британска радиостаница која погрешно емитуваше извештаи дека…

Јаневска: Околу 4.000 првачиња сè уште не…

Околу 4.000 деца кои годинава треба да…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…

И утре нè очекува голема жештина со…

Високи температури низ цела Македонија најавува Управата…

САД: Во Масачусетс ќе се дозволува абортус…

Гувернерката од Демократската партија, Маура Хили, денеска…