Русија е подготвена да посредува меѓу САД и Иран
Москва смета дека Вашингтон и Техеран треба да ги решат сите свои проблеми со преговори и е подготвена да го постигне тоа, изјави за Блумберг прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Москва смета дека Вашингтон и Техеран треба да ги решат сите свои проблеми преку преговори и е подготвена да помогне тоа да се случи, изјави за агенцијата Блумберг прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Русија верува дека САД и Иран треба да ги решат сите прашања преку преговори“, рече тој, додавајќи дека Москва е „подготвена да направи се што е во нејзина моќ за да го постигне тоа“.
Според извори на Блумберг, Русија се согласила да и помогне на американската администрација во контактите со Иран за прашања поврзани со иранската нуклеарна програма и поддршката на Техеран за силите непријателски настроени кон Вашингтон на Блискиот Исток. Тие тврдат дека барањето го упатил американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин на 12 февруари, а за тоа било разговарано и за време на разговорот меѓу руската и американската делегација во Ријад на 18 февруари.
Претставниците на Русија и Иран не ѝ дадоа на агенцијата директна потврда или демант на оваа информација, а Белата куќа се уште не одговорила на барањето за коментар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…