Русија и Иран потпишаа заедничка декларација за противење на санкциите
Министрите за надворешни работи на Русија и Иран, Сергеј Лавров и Хосеин Амир Абдулајан, потпишаа документ за противење на санкциите.
Документот е насловен „Декларација на Руската Федерација и Исламската Република Иран за начини и средства за спротивставување, ублажување и компензирање на негативните последици од едностраните присилни мерки“.
„Ова е несомнено важен чекор кон подобрување на координираните напори на членовите на светската заедница со цел да се надминат нелегитимните санкции, со кои Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ја заменија дипломатијата“, рече Лавров за време на билатералните разговори со неговиот ирански колега.
Декларацијата беше потпишана во Москва, каде што иранскиот министер пристигна да учествува на министерскиот состанок на петте касписки држави (Русија, Иран, Казахстан, Азербејџан, Туркменистан), како и на билатерални разговори со Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…