Русија и Украина разменија заробеници – Ослободени 76 Украинци
Во новата размена на затвореници со Русија, ослободени се 76 Украинци, објави денеска Киев, не прецизирајќи го бројот на Русите што и ги предал на Москва.
„Разменивме 60 војници, од кои 10 офицери. Шеснаесет цивили исто така се вратија дома“, објави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм.
Ова е петта размена на затвореници од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Во петокот, на 15 април, беа разменети затвореници во јужниот регион Херсон.
Ден претходно, 30 Украинци беа ослободени, а уште 26 претходно истиот месец.На 1 април 86 украински војници беа разменети за руски затвореници.Украинските безбедносни сили во понеделникот објавија видео од бизнисменот Виктор Медведчук, близок до рускиот претседател Владимир Путин, барајќи тој да биде разменет за војници и цивили од опколениот град Мариупол. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…