Објавено на:

Русија: Милитаризираната Европа го загуби правото да учествува во преговорите за Украина

t

Европејците, кои тргнаа по патот на милитаризмот, со право го загубија правото да бараат учество во преговорите за Украина и се сè поизолирани, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи во врска со усвојувањето на резолуциите за украинската криза во ОН.


„Дискусиите и гласањата што се одржаа во ОН јасно покажуваат дека меѓународната заедница побарала мир. Европејците, кои цврсто тргнаа по патот на милитаризмот и со тоа со право го загубија правото да учествуваат во преговорите за параметрите за решавање на украинската криза, се сè поизолирани. „Има значителни промени во пристапите на повеќето земји во светот, кои покажуваат растечки реализам и желба да се овозможи брз крај на конфликтот“, објави Министерството.
Руското МНР посочува дека резолуцијата за Украина предложена од САД е чекор во вистинската насока, што ја одразува желбата на новата американска администрација да придонесе за решавање на кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…