Објавено на:

Русија му врачи протестна нота на американскиот амбасадор во Москва: За што станува збор?

t

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков му врачи протестна нота на американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан поради скандалозната изјава на сенаторот Линдзи Греам за рускиот претседател Владимир Путин. Според Министерството, изјавата во суштина е повик за тероризам.


Да потсетиме, американскиот сенатор Линдзи Греам, републиканец кој ја претставува Јужна Каролина во американскиот Сенат, на социјалната мрежа Твитер испрати порака во која ги повикува граѓаните на Русија да му го одземат животот на рускиот претседател Владимир Путин. Наведе и дека кој тоа ќе го направи „ќе си направи услуга на себе и на целиот свет“.


Беше истакнато дека ова е јавен, суштински терористички повик, апсолутно неприфатлив за толку висок политичар“, се вели во соопштението на Министерството.


Таквата изјава ќе има тешки последици, вклучително и кривична одговорност, а доколку американските власти не преземат мерки против сенаторот, ќе има дополнително разорно влијание врз руско-американските односи, се вели во соопштението.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Греам, рече дека во овие тешки моменти некои го губат разумот.


Синоќа и Белата куќа соопшти дека тоа не е официјален став на американската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот има способност да помогне во…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД…

Десетици торнада го погодија централниот дел на…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…