Објавено на:

Русија му забрани влез на Бајден и на неговиот син

t

Русија забрани влез во земјата на 963 Американци, меѓу кои и претседателот, Џо Бајден.

Забраната се однесува и на државниот секретар Ентони Блинкен и на шефот на ЦИА Вилијам Барнс, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на руското МНР се нагласува дека овој чекор е одговор на санкциите што САД постојано ги воведуваат кон Русија и предупреди дека непријателските дејствија ќе продолжат да добиваат соодветен одговор, пренесува РИА Новости.

„Русија не бара конфронтација и е отворена за искрен дијалог со взаемно почитување, одвојувајќи го американскиот народ, кој го почитува, од властите на САД, кои ја поттикнуваат русофобијата и оние кои им служат“, соопшти Министерството.

Забраната доаѓа откако Бајден денеска го потпиша пакетот помош за Украина од речиси 40 милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција…

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот…

МФ: Одржана седница на Комисијата за осигурување…

Министерството за финансии во врска со донесените…

Земјотрес кај Благоевград

Земјотрес кај Благоевград. Земјотресот со јачина од…

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Зеленски овој апел го упати на социјалните…

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата…

Од понеделник, 29 април, заклучно со 6…