Русија нема да дозволи прием на Косово во Обединетите нации!
Русија нема да дозволи Косово да влезе во Обединетите нации, така што нема шанси да се постигне оваа цел, изјави денеска рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко, пренесува РТВ.
„Се разбира, Русија нема да дозволи прием на Косово во ОН, што е всушност клучната цел на Западот, Приштина и нејзините западни спонзори. Имајќи ја предвид позицијата на Русија за непризнавање на Косово, нашето прифаќање на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и нашата поддршка за Белград, оваа цел е апсолутно недостижна“, рече тој на состанокот на меѓународниот клуб за дискусии „Валдај“, пренесува ТАСС.
Тој нагласи дека во екот на антируските санкции, Западот успеал да ја промовира процедурата за прием на Косово во Советот на Европа.
Тоа, вели тој, ќе беше невозможно во периодот кога Русија беше членка на таа организација.
„Сега тоа го направија. Процедурата е во тек. Во принцип, треба да се претпостави дека Косово ќе стане членка на Европскиот совет и Западот ќе го смета ова како еден вид чекор напред во процесот на меѓународно признавање на Косово или официјализирањето на ова признавање и неговото последователно прием во меѓународните организации“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…