Објавено на:

Русија: Нема договор со Украина – Не можеме да се договараме со Франција, таа не е лидер во НАТО

t

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги демантираше информациите на „Фајненшл тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин и францускиот лидер Емануел Макрон се договориле за Украина за време на разговорите во Москва.

„Фајненшл тајмс, се разбира, напиша погрешно… Москва и Париз не можеа да го направат тоа бидејќи лидер во НАТО не е Франција. За каков договор можеме да зборуваме“, рече Песков.

На новинарско прашање дали предлозите на францускиот лидер дадени на средбата со Путин ќе помогнат да се смири ситуацијата околу Украина, тој потсети дека тензијата расте од ден на ден, меѓу другото и поради испораката на оружје за Украина.

„Гледаме дека западните земји испраќаат војници во Украина, испраќаат авиони полни со оружје и борбена опрема. Украина прави маневри, токму деновиве тестира нови модели на технологија што ги доби. Ова, се разбира, предизвикува нови и нови спирали на напнатост. Затоа сега е многу неопходна деескалација“, изјави портпаролот на Кремљ.

Претходно „Фајненшл тајмс“ објави дека Путин и Макрон склучиле договор со цел да се намалат тензиите околу Украина. Меѓу другото, тие наводно се согласиле Русија да не презема нови воени иницијативи поврзани со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…