Русија: Никој не го искористил хуманитариот коридор од Азовстал – украинските власти постапија крајно нехумано
Хуманитарниот коридор за евакуација на цивили од територијата на металуршкиот комбинат Азовстал, кој го отвори руската армија, никој не го користел, изјави началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев.
Тој додаде дека властите во Киев ја спречиле хуманитарната операција, ги игнорирале руските иницијативи, покажале нечовечки третман и не им наредиле на украинските војници да го положат оружјето.
Мизинцев изјави и дека командата на неонацистичкиот одред „Азов“ (против чии членови е покрената кривична постапка во Русија) се обратила до лидерите на Велика Британија, САД и Турција со барање да им се обезбедат „зелени коридори“ за цивили и ранети екстремисти од „Азовстал“.
Тој нагласи дека Русија им гарантира на сите кои доброволно ќе го предадат оружјето дека ќе останат живи, дека ќе бидат безбедни и дека ќе им биде укажана медицинска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Мерц се закани со блокада на буџетот…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…