Русија повикува САД да се воздржат од поткопување на стабилноста: ОН ја осудуваат посетата на Пелоси на Тајван!
Москва го повикува Вашингтон да се воздржи од акции кои ја поткопуваат стабилноста во регионот и светот, соопшти руското Министерство за надворешни работи во врска со посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван.
„Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од акции кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја признае новата геополитичка реалност, во која повеќе нема простор за американска хегемонија“, се вели во официјалното соопштение на руското МНР.
Посетата на Пелоси беше прва посета на претседател на Претставничкиот дом на САД од 1997 година. Администрацијата на САД, која беше предупредена од кинескиот лидер дека „играњето со оган ризикува да изгори“, го увери Пекинг во неговата посветеност на политиката „една Кина“, но се огради од посетата, велејќи дека спикерката сама ги носи одлуките.
НР Кина го смета островот за своја провинција и секогаш се спротивставува на секој контакт меѓу претставниците на Тајпеј и актуелните функционери, особено високи функционери или војската од земјите со кои Пекинг има дипломатски односи.
Кина веќе соопшти дека ќе преземе решителна акција за заштита на националниот суверенитет и територијалниот интегритет доколку Пелоси го посети Тајван. Според Џанг Џун, постојан претставник на Народна Република Кина во ОН, „Тајван е составен дел од кинеската територија“, а прашањето за територијалниот интегритет е „црвена линија“.
Обединетите нации ги осудија акциите на САД и посетата на Ненси Пелоси на Тајван
Канцеларијата на генералниот секретар на организацијата соопшти дека се придржува до политиката „една Кина“!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Новата портпаролка на Трамп: Кина нема ни…
Портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, која…