Објавено на:

Русија призна дека претрпела значителни загуби: Ова е бројот на загинати руски војници

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков,  изјави дека Русија претрпела „значаителни загуби“ во Украина.

„Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.

Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници.

Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 7 април.

Според тоа, загинаа 18.900 војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери, 698 тенкови, 1891 оклопни возила, 332 артилерија, 108 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана на Русите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

Се урна авион во Канада, има загинати

Во областа на северозападните територии на Канада,…

Дури девет лица се повредени: Детали за…

Девет повредени и едно починато лице е…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Над 13 илјади загинати досега во Појасот…

Бројката на загинатите во Појасот Газа од…