Дури девет лица се повредени: Детали за сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци во која загина едно лице
Девет повредени и едно починато лице е страшниот епилог од синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на патот Гевгелија-Богданци, на мостот на реката Вардар, во која учествувале четири автомобили од кои еден превезувал мигранти од Сирија.
Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувал автомобил „мерцедес“ кој имал регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое биле превезувани и криумчарени седум мигранти од Сирија.
Во сударот исто така биле вклучени и „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од село Богородица, потоа „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и „мерцедес“ исто така со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од село Стојаково.
– Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј.(63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција – се наведува во информацијата од СВР Струмица.
Заради несреќата, овој патен правец беше затворен за сообраќај од 19:30 до 23:40 часот, а сообраќајот се пренасочуваше преку селото Богородица.
Во расчистувањето на последиците од тешката сообраќајна несреќа учествувале едно противпожарно возило и тројца пожарникари на ТППЕ Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум повредени во невремето во Скопје
Осум лица биле пренесени во скопските болници…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…