Русија: Провокациите на НАТО веројатно ќе ексалираат во вооружен судир

t

„Намерните провокации“ на НАТО во близина на руските граници веројатно ќе ескалираат во вооружен судир, изјави во понеделникот заменикот министер за одбрана Александар Фомин, јавува Агенција Анадолија.

Фомин на брифингот за воените аташеа и претставниците на странски амбасади акредититани во Русија рече дека ширењето на НАТО на истокот датира од времето кога Русија имала добри односи со алијансата.

„Алијансата во последно време премина во праксата на директни провокации, кои се поврзани со висок ризик од ескалација во вооружен судир“, рече Фомин.

Тој потсети дека во 1999 година, Чешка, Унгарија и Полска, поранешни советски сојузници во рамките на Организацијата на Варшавскиот договор му се придружиле на НАТО.

Бугарија, Летонија, Литванија, Естонија, Романија, Словачка и Словенија го следа нивниот пример во 2004 година, „сериозно зголемувајќи“ ги воените предности на НАТО, смета Фомин.

„Конкретно, границите на блокот се поместени повеќе од 1.000 километри кон исток, што овозможи користење на нестратешко оружје за гаѓање позиции на руска територија. Исто така, НАТО ги зголеми своите борбени способности со набавка на голем број на оружје, воена опрема и воен персонал за новите држави членки, како и нивната инфраструктура и пристаништата на Црното и Балтичкото море, со што се проширени можностите за распоредување и префрлање на војници“, додаде Фомин.

Тој истакна дека контроверзите почнале да произлегуваат од случувањата во СФР Југославија, поделба на Русија и НАТО, а завршија со тоа што НАТО ја дефинираше Русија како „извор на закана“ на својата безбедност и воената стратегија на алијансата за 2019 година.

Додаде дека и покрај тоа, Русија преземала чекори со цел деескалација на ситуацијата, но тие се игнорирани.

„Москва ги предаде предлозите на НАТО за одржување на контакти на високо ниво, размена на информации за терористички закани, воздржување од одржување на воени вежби во близина на меѓусебните граници и потпишување на договор за избегнување на воени несреќи“, нагласи Фомин.

Тој наведе дека НАТО ги игнорирал иницијативите на Русија, зголемувајќи го воените активности во близина на руската граница, при што земјите членки на алијансата само во 2021 година извршиле повеќе од 1.200 воздушни и 50 поморски извидувачки мисии во близина на руските граници и одржаа повеќе од 20 воени вежби.

„Продолжението на конфронтациониот курс на алијансата кон нашата земја не принудува ригидно да го поставиме прашањето за правно обврзувачките безбедносни гаранции за Русија пред НАТО, што би исклучило секакво понатамошно напредување на блокот на исток и распоредување на заканувачки системи за оружје во непосредна близина на нашите граници“, рече Фомин.

Тој потсети дека релевантниот нацрт на договорот е предаден на Вашингтон и Брисел и дека Москва „се радува на сериозниот и конструктивен разговор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…

Путин ќе ја посети Кина во мај

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека во…