Русија произведува нов камикази-дрон со кинески мотор
Од минатата година, Русија произведува ново беспилотно летало со долг дострел наречено „Харпи-А1“ користејќи кинески мотори и делови и го употребила ова оружје во војната во Украина, соопштија два европски разузнавачки извори и документи доставени до Ројтерс, пренесе БТА.
Разузнавањето, кое вклучува договор за производство на новиот дрон, кореспонденција на компанијата во врска со производството и финансиските документи, укажува дека електромеханичката фабрика Ижевск (ИЕМЗ) „Купол“, која е подружница на рускиот државен производител на оружје „Алмаз-Антеј“, има произведено повеќе од 2.500 дронови „Харпи“ од јули 2023 до јули 2024 година.
Постоењето на нов руски дрон, за чие создавање беше користена и кинеска технологија, досега не беше пријавено. ИЕМЗ „Купол“ и „Алмаз-Антеј“ не одговориле на барањата за коментар.
Двата разузнавачки извори рекоа дека „Харпи“ бил користен против воени и цивилни цели во Украина, оштетувајќи ја критичната инфраструктура и предизвикувајќи цивилни и воени жртви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…
Главниот одбор на Српската напредна партија започна…
Жена е повредена во Ѓорче – непознато…
Скопјанка на возраст од 67 години била…
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…