Русија протера два американски дипломати и ги обвини за шпионажа

t

Руското министерство формално протера два американски дипломати од земјата и ги обвини дека вршеле недозволени шпионски активности и пробувале да регрутираат руски државјани и ги спремале да бидат шпиони во корист на САД.

МНР на Русија ги обвини американските дипломати Џеф Стилин и Давид Бернштајн за преземање незаконски дејствија кога се обиделе да го регрутираат рускиот државјанин Роберт Шонов. Дипломатите се обвинети дека се обиделе да го регрутираат Шонов да биде доверлив информант на амбасадата на САД во Москва. МНР на Русија ја обвини амбасадата на САД и за незаконски дипломатски дејствија и за мешање во внатрешните работи на земјата домаќин. Ова е недозволиво и мора да се запре, се додава во соопштението на руското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…