Русија се закани со нуклеарен одговор во случај на напад на НАТО врз Калининград
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди дека секој воен потег на Велика Британија или НАТО против руска територија ќе биде одговорен со сите расположиви средства, вклучително и нуклеарно оружје.
„Оние кои се залагаат за планови за блокирање или напад врз Калининград не треба да имаат илузии за последиците. Секоја воена акција на Велика Британија или НАТО против руска територија ќе биде одговорена со сите расположиви средства, вклучително и нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на амбасадата, објавено на Телеграм.
Амбасадата реагираше на текстот на британскиот весник „Ај Пепер“ за можноста за блокада на Калининград од страна на НАТО, како и на прилог на телевизијата Скај њуз за хипотетичко сценарио на воен конфликт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…