Русија соопшти дека на железничка станица убиле 200 војници, Киев тврди дека се убиени најмалку 25 цивили
Спротивно на тврдењето на Киев руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја погодиле железничката станица Чаплино во украинскиот регион дњепропетровск, тврдејќи дека се „убиени 200 украински војници“, додека Киев тврди дека се убиени најмалку 25 цивили.
Ракетата „Искандер“ „директно го погоди воениот воз на станицата чаплино во регионот Дњепропетровск убивајќи 200 војници резервисти на украинските оружени сили“ и уништувајќи опрема, објави руското министерство за одбрана. Москва негира дека во нападот загинале цивили.
Руското министерство на дневниот брифинг објави дека ракетата „Искандер“ директно го погодила воениот воз кој требало да испорача оружје на фронтот во Донбас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
Македонија се поврзува со регионот и станува…
Македонија ја користи својата стратешка географска положба…
80 години од формирањето на Сојузот на…
Одбележуваме 80 години од создавањето на една…
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…