Објавено на:

Русија тврди дека го освоила Купјанск

t

Руската војска вечерва објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели.

„Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск“, му рекол командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин.

Купјанск, кој имал население од 55.000 жители пред војната, бил во руски раце неколку месеци во 2022 година, но бил ослободен од украинските сили во септември истата година.

Според Путин, борбите се водат и во Костјантинивка, главното упориште на украинските сили во регионот Донецк.

Путин рече дека главната задача на руските сили е „безусловно да ги постигнат целите на Специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува инвазијата на Украина.

Украина денеска соопшти дека САД ѝ доставиле нацрт-план за завршување на војната, кој, според висок функционер запознаен со ова прашање, во голема мера ги одразува главните барања на Москва, вклучително и територијални отстапки неприфатливи за Киев. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…