Русија тврди дека соборила 47 украински беспилотни летала
Руската армија соопшти дека во текот на ноќта соборила 47 украински беспилотни летала, од кои речиси половина во областа Брјанск, која граничи со Украина.
„Во текот на ноќта беа спречени обидите на Киев да изврши терористички напади со дронови на локации на руска територија“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 47 украински беспилотни летала“, од кои 24 беа во областа Брјанск, се вели во соопштението.
Пет беспилотни летала беа соборени над регионот Белгород, два над Курск, а двата региони граничат со Украина.
Два беспилотни летала се уништени во Ростовската област во близина на украинската граница, еден во Краснодарската област на југозапад и 13 над Азовското Море.
Русија речиси секојдневно известува дека уништила украински беспилотни летала испратени на нејзина територија. Киев ги препознава овие напади, чија цел често се енергетски инсталации, како одговор на руското бомбардирање на Украина, кое трае повеќе од две години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брисел ѝ се заканува на Бугарија со…
Европската комисија предупреди дека Бугарија би можела…
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по 24-часовниот прекин…
Мајкрософт прогласи „црвена тревога“ по глобалниот прекин…
Клековски најави реформи во Брзата помош: Централен…
Формирање самостоен Центар за итна медицинска помош…
Продолжува специјалната војна: Бугарите сега тврдат дека…
Министерството за внатрешни работи презело мерки против…
Иран одбива преговори со САД сè додека…
Главниот преговарач на Иран и претседател на…