Русија: Украина не го почитуваше договорот од Минск и ја предизвика војната!

t

Непочитувањето на договореното од Минск ја натера Русија да интервенира во Украина. Ова денеска го истакна руската страна на состанокот на Советот за безбедност на ОН кој беше повикан од страна на Москва.

– Презедовме иницијатива за свикување на денешниот состанок со цел да ги потсетиме сите присутни за тоа што произлезе од намерната саботажа на Киев, рече рускиот амбасадор Василиј Небензија.

Тој рече дека доколку тие договори биле спроведени, Донбас ќе се вратеше на Украина.

Помошникот на генералниот секретар Мирослав Јенча му рече на советот дека војната продолжува да ескалира со засилени напади врз цивили што дополнително ги намалуваат изгледите за праведно и трајно решение.

Соединетите Држави го повторија својот став дека Москва продолжува да го игнорира договорот и повикаа на негова „целосна примена од сите страни“.

Сергиј Кислица, украинскиот амбасадор го изрази своето незадоволство од ставот на Москва, нарекувајќи ги ваквите изјави „пропагандни наративи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…