Русија ја исклучува славината за Германија: Од 1 мај ќе престане да транспортира казахстанска нафта преку „Дружба“
Русија ќе го прекине извозот на казахстанска нафта во Германија преку нафтоводот „Дружба“ од 1 мај, изјавија извори за „Ројтерс“. Според три анонимни извори на агенцијата, прилагодениот распоред за извоз на нафта веќе е испратен до Казахстан и Германија.
Овој потег доаѓа во време на затегнати политички и деловни односи меѓу Русија и Германија поради конфликтот во Украина, кој Берлин го поддржува.
Руското Министерство за енергетика не одговори на барањето за коментар.
Во 2022 година, Германија ги стави локалните единици на најголемиот руски производител на нафта „Роснефт“ под старателство, со што ги прекина долгогодишните енергетски врски со Русија, потсетува агенцијата.
Извозот на нафта од Казахстан во Германија преку рускиот нафтовод „Дружба“ изнесуваше 2,146 милиони метрички тони, или околу 43.000 барели дневно, во 2025 година, што е зголемување од 44 проценти во споредба со 2024 година.
Казахстан ја снабдува Германија со нафта преку северната гранка на „Дружба“, која поминува низ Полска, а испораките претходно беа прекинати неколку пати поради напади од украински беспилотни летала врз нафтоводот во Русија.
Рафинеријата PCK во германскиот град Швет, една од најголемите во земјата, делумно се снабдува со казахстанска сурова нафта транспортирана преку тој нафтовод по прекинот на снабдувањето со руска нафта од почетокот на конфликтот меѓу Москва и Украина во 2022 година, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…