Објавено на:

РУСИЈА ЌЕ БАРА ОШТЕТА ЗА САБОТАЖИТЕ НА СЕВЕРЕН ТЕК? Путин вели дека вистината кога-тогаш ќе се дознае

t

Северен тек 1 беше ставен во функција во ноември 2011 година, а чинеше 8 милијарди долари. Градењето на Северен тек 2 во чинеше 11 милијарди долари, а беше довршен во септември 2021 година, но не беше ставен во функција под притисок на САД.

Русија може да бара отштета поради саботажите со експлозии врз нејзината стратешка инфраструктура, односно гасоводите во Северен тек 1 и Северен тек 2 ланскиот септември во Балтичкото Море, со што беше запрено испорачување на рускиот гас во Германија односно Европа.

Американскиот наградуван новинар Сејмур Херш објави истражување во коешто тврди дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја испланирала диверзијата со помош на норвешката воена морнарица. Еден месец по неговиот текст, западните мејнстрим медиуми ја објавија верзијата дека зад експлозиите стои наводна „проукраинска“ група која „не е поврзана“ со владата во Киев и украинскиот претседател Володомир Зеленски. Москва ги отфрла таквите наводи, а инцидентот го истражува како чин на меѓународен тероризам.

– Не исклучуваме можност подоцна да го покренеме прашањето за компензација за штетата како резултат на експлозијата на гасоводите Северен тек – изјави за агенцијата РИА Дмитриј Биричевски, шеф на одделот за економска соработка на руското министерство за надворешни работи.

Тој не прецизира кому Русија ќе му го упати барањето за отштета поради експлозиите на гасоводите кои заедно можеа да извезуваат 110 милијарди кубни метри гас годишно во Германија.

Биричевски потсетува дека по појавувањето на истражувањето на новинарот Сејмур Херш, руската мисија при Обединетите нации во Советот за безбедност предложи нацрт-резолуција за независна меѓународна истрага за инцидентот.

– Но и тука западните земји активно ја саботираат работата по нацрт-резолуцијата, сметајќи дека тоа нема да придонесе на меѓународната истрага. И покрај тоа, ние имаме намера да продолжиме да инсистираме на сеопфатна и отворена меѓународна истрага со задолжително присуство на руски претставници – додава дипломатот.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека вистината за експлозиите на гасоводите „Северен тек“ на крајот ќе биде откриена, иако тоа тешко ќе се постигне.

– Верувам дека ќе биде тешко да се дојде до вистината за инцидентот во „Северен тек“, но еден ден веројатно ќе излезе на виделина што е направено и како е направено – рече Путин во интервју за ТВ каналот Русија.

Според неговите зборови, по барањата испратени до Обединетите нации во врска со откривањето на сигнален уред на раскрсницата на цевката „Северен поток“, Русија добила одговор дека оваа ставка не е опасна и на Москва и било одбиено учество во истрагата. Тој додаде дека веќе нема смисла Русија да се меша во тоа, бидејќи една од земјите на НАТО, во случајов Данска, објави дека веќе проверила се.

Претходно, данската агенција за енергетика ја покани компанијата „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот Северен тек 2, да учествува во операцијата за отстранување на објектот откриен во близина на гасоводот. Пронајдениот предмет има облик на цилиндар со висина од околу 40 сантиметри и дијаметар од 10 сантиметри.

Доброупатени извори за Ројтерс неодамна изјавиле дека гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, кој ги изгради руски „Газпром“, ќе бидат запечатени и конзервирани и ставени во состојба на мирување бидејќи во моментов нема планови за нивно поправање или реактивирање.

Северен тек 1 во функција беше ставен во ноември 2011 година, а чинеше 8 милијарди долари. Градењето на Северен тек 2 во износ од 11 милијарди долари беше довршено во септември 2021 година, но не беше ставен во функција, поради тоа што власта во Германија, под притисок на САД, го пролонгираше почетокот на неговата работа. Потоа Берлин како оправдание за одложувањето ја зеде руската инвазија врз Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…