Русија ќе ги смета нападите на ослободените територии како акт на агресија кон државата!
Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонската област ќе станат суверена територија на Русија и за нив ќе важи Договорот за сојузна држава, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков нагласи дека Москва ќе ги гледа нападите на Украина на нови територии, по нивното влегување во Русија, исклучиво како акт на агресија.
Песков прецизираше дека териториите на ДНР и ЛНР ќе се приклучат на Руската Федерација во границите од 2014 година, во која Русија претходно ја призна независноста на тие држави.
На прашањето што ќе се случи со територијата на ДНР која се уште не е ослободена, Песков одговори дека допрва треба да биде ослободена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…