Објавено на:

Русија ќе остане еден од нашите најголеми сојузници, вели турската опозиција

t

Турската опозиција има намера да продолжи да ги развива односите со Русија, која е еден од најважните партнери на Турција, изјави во неделата опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу за новинарите за време на гласањето во вториот круг од претседателските избори.


„Турција е земја во која низ вековите се формирала традицијата на државност во тој регион. Сите овие децении Турција внимаваше на градењето посебни односи со соседите. Основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк рече: „Мир дома, мир во целиот свет“. Во овој контекст, сакаме Русија да биде еден од нашите најголеми сојузници“, рече Имамоглу.
Тој додаде дека обединетата опозиција на Турција е главно насочена кон зајакнување на односите со Русија, водење надворешна политика со неа на највисоко ниво и градење односи засновани на соработка што им одговара на двете земји.


Во Турција денеска се одржува вториот круг од претседателските избори. Повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Русија останува отворена за дијалог со Западот

Русија останува отворена за дијалог за безбедност…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

Путин: Америка ја сече гранката на која…

Со воведувањето санкции кон Русија, американските власти…

(Анкета) Србија е најголем сојузник на Македонија,…

За најголем сојузник на Македонија нашите граѓани…