Објавено на:

Русија ќе плати за воените злосторства во Украина, вели Фон дер Лајен

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина.

„Уништувањето на браната, безобразен напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Керсон. Европа мобилизира поддршка преку механизмот за цивилна заштита. Се координираме со земјите-членки за брзо испорака на пумпи, противпожарни црева, филтри за вода. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе ги претрпат последиците од страшното уништување на хидроцентралата Каховка.

„Ова е чин против човештвото. Воено злосторство кое не можеме да го оставиме без одговор. Денес, повеќе од кога било, на Украина и е потребна нашата помош“, напиша таа на Твитер.

Бројни Телеграмски канали вечерва објавија дека хидроцентралата Каховска, која е под контрола на руските сили, наводно е целосно уништена, а некои објавија и снимки од урнатата брана.
Како што пренесува Ројтерс, руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваат за нападот на ХЕЦ, што доведе до излевање на вода во воената зона, пренесува Танјуг.

Непроверените видеа на социјалните мрежи покажуваат серија силни експлозии околу браната Каховска, а на некои се гледа како излева вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…