Русија ќе прифати преговори со Украина но има неколку услови кои САД треба да ги исполни
Русија објави што очекува од НАТО и САД за да седнат на преговарачка маса со Украина и да бараат решение за конфликтот.
Александар Дарчиев, шеф на Одделот за Северна Америка во руското Министерство за надворешни работи, ги наведе двата услови кои мора да бидат присутни за да се започнат „сериозни преговори“ за мир во Украина. Без нив, според Дарчиев, „невозможно“ е да има каков било дијалог.
За агенцијата ТАСС, рускиот дипломат коментира дека, пред сè, НАТО и САД треба да престанат со финансиската и воена помош за Украина, како и да ја препознаат „вистинската ситуација на територијата на земјата“.
Би било премногу рано да се започнат какви било разговори за безбедносни гаранции во контекст на конфликтот во Украина и евроатлантскиот регион, додека САД и НАТО продолжуваат со воена и финансиска помош за режимот во Киев, рече Дарчиев, додавајќи дека сега топката е во полето на САД.
Дипломатот го посочи како уште еден важен услов сите „воени претставници на Америка и НАТО да ја напуштат територијата на Украина“.
Со оглед на сегашните околности, Москва не може да им верува на САД и на Западот, истакна и Дарчиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…