Русија ѝ врати на Бугарија: Забрана за бугарски авиони врз небото на федерацијата

t

Русија им забрани на авиокомпаниите од Бугарија, Полска и Чешка да летаат над нејзина територија како одговор на „непријателските потези на тие земји“, соопшти Росавијација.

Оваа одлука е веќе стапена во сила и се однесува на сите авиокомпании од тие земји или се регистрирани во нив.
„Оваа одлука е донесена во согласност со нормите на меѓународното право како одговор на забраната за летови на нашите авиони“, се додава во соопштението.

„Росавиација“ наведува и дека летовите од тие земји над територијата на Русија во иднина може да се вршат исклучиво со дозвола на руската агенција за контрола на летови или Министерството за надворешни работи.

Да потсетиме, Полска од полноќ го затвори воздушниот простор за руските авиокомпании, а по таа земја истото го направија и Чешка и Бугарија.

Во меѓувреме, Латвија и Естонија најавија дека наскоро планираат да го затворат воздушниот простор за авионите на руските авиокомпании.

„Ве уверувам дека воздушниот простор за руските авиони ќе биде затворен“, најави министерот за правда на Латвија, Јанид Борданс.

Според министерот за економија и инфраструктура на Естонија, Тави Ас, Талин се приклучува на иницијативата на Полска и има намера да им забрани на сите руски авиокомпании да го користат естонскиот воздушен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…