Руската амбасада го прекори Османи: Во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“
Руската амбасада во земјава реагира дека претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во Украина шпекулирал за жртви на руската агресија, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев.
„Кога Османи пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините. Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето“, велите?“, се наведува во реакцијата на амбасадата.
Османи за време на посетата на Украина го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што загинаа повеќе од 40 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
На 19.09.2026 во 10:45 часот во ОВР…
Вучиќ: На 27 септември поднесувам оставка од…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека по…
Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји
Две години работа, две години резултати, една…
Во сообраќајка загина 17-годишна девојка, а повредени…
Од МВР информираат за страшна сообраќајка која…
На новинарите од CNN, MS NOW и…
На новинарите од три големи новински организации…