Објавено на:

Руската амбасадорка се закани: Ќе ја затвориме амбасадата во Софија, според експертите тоа значи војна!

t

Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова испрати нота до бугарското Министерство за надворешни работи дека доколку одлуката на бугарската влада за протерување на 70-те руски дипломати не биде поништена до петок до 12 часот, руската амбасада во Софија ќе побара од властите во Москва затворање на руската амбасада во Софија, објави сајтот Епицентар, повикувајќи се на дипломатски извори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според изданието, доколку дојде до таков развој на настаните, тоа значи војна.

Дополнително, Митрофанова на денешниот онлајн брифинг додаде дури ни за време на Втората светска војна, Бугарија и Русија не ги прекинале дипломатските односи и работеле амбасадите на двете земји.

Премиерот во оставка Кирил Петков побара од руската амбасада да ја повлече нотата поднесена денеска,  соопшти владината прес-служба.

„Односите меѓу Бугарија и Руската Федерација се долготрајни, повеќеслојни и од големо значење за судбината на нашата земја историски. Ние го почитуваме рускиот народ и ги цениме нашите културни, историски, социјални и трговски и економски врски. Затоа, иако бугарското присуството во нашата амбасада во Русија има само 12 лица, руската амбасада во Бугарија ќе има можност да задржи 43 свои вработени, според одлуката што ја донесе бугарската влада вчера“, рече Петков.

Тој нагласи дека верува во потребата од дијалог, за што од клучно значење се дипломатските канали.

„Убедени сме дека бугарско-руските односи можат да продолжат да се развиваат во области од заемен интерес, со почитување на вредностите важни за секоја од нашите земја. Затоа, апелираме до Амбасадата на Руската Федерација да ја повлече нотата објавена денеска за да може да се направат чекори напред со взаемно почитување на националните интереси, безбедноста и суверенитетот на двете земји“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…