Руската армија се бори за „душата на човекот и против сатанистичкиот нов светски поредок“ – Протече чуден прирачник на руската армија

t

Кристо Грозев е бугарски истражувачки нoвинар, водечки истражител во Bellingcat за Русија, фокусиран на безбедносни закани, вонтериторијални тајни операции и вооружување на информациите.

На Твитер Грозев сподели фотографија од прирачник за офицери во Русија во кој има еден особено интересен цитат.

Во прирачникот пишува дека Руската армија е последниот бастион против сатанистичкиот нов светски поредок, а прирачникот е обезбеден од украинските разузнавачки служби.

-„Руската армија е последниот бастион против сатанистичкиот нов светски поредок“. Буквален цитат од официјалниот руски офицерски прирачник. Документот е снимен од украински ГРУ, пишува новинарот на Твитер.

Целосниот параграф гласи: Рускиот офицер е воин во дух. Така било во сите векови. Денес се води војна за душата на човекот, војникот. Русија и руската армија се последниот „бастион“ против сатанистичкиот „нов светски поредок“. Сè додека верата не стане потпора на офицерот, самата Армија нема да може да стане поддршка на општеството и државата. „Не биди невротичен, не паѓај на малодушност, не брзај со Бога… ако си воин, тогаш бори се!

Целосниот прирачник за офицери можете да го погледнете тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Огнот кај Арнакија се шири на…

Пожарот кој избувна кај Арнакија се шири…

Тројца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во…

Тројца македонски државјани загинаа, а уште две…

Генералниот секретар на ОН изрази солидарност со…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес…

Додик: Ратко Младиќ е убиен

Милорад Додик реагираше на смртта на Ратко…

(Фото) Пожар кај Арнакија

Пожар избувна кај Арнакија. На терен може…