Руската војска тврди дека напредуваат во Доњецк и освоиле нова населба, Украина демантира
Руските трупи продолжуваат да напредуваат во источниот украински регион Доњецк, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва, пренесува ДПА.
Министерството, исто така, извести дека е заземено селото Виимка во близина на градот Сиворск, контролиран од Украина, што е спротивно на украинските тврдењата.
Украинскиот Генералштаб, пак, соопшти за девет руски напади на овој дел од фронтот од саботата, вклучително и на Виимка, но сите биле одбиени.
Руската војска, исто така, тврди дека напредува кон украинскиот град Покровск, моментално главна нивна цел.
Врховниот командант на украинската армија, Олександар Сирски, призна дека ситуацијата во Донбас, област во источна Украина која ја содржи областа Доњецк и делови од областа Луганск, е тешка.
– Непријателот е супериорен по број на војници и оружје. И покрај тоа непријателот трпи значителни загуби благодарение на нашите војници. Битката за Украина продолжува, напиша Сирски на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…