Руската државна телевизија: Пригожин е избезумен од многу пари
Руската државна телевизија денеска го обвини шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин дека „го изгубил умот“ откако добил милијарди народни пари.
Агенцијата Франс прес оцени дека таквиот став го илустрира новиот наратив на руската влада за Вагнер по неодамнешниот неуспешен бунт.
„Пригожин го изгуби умот поради големи суми пари“, рече водителот Дмитриј Киселев за време на неговата редовна емисија во неделата.
Кисељев рече дека Пригожин имал чувство дека сè му е дозволено уште од операциите на Вагнер во Сирија и Африка. Тој додаде дека ова чувство се засилило кај Пригожин кога неговите борци ги окупираа украинските градови Соледар и Бахмут.
Мислеше дека може да се спротивстави на руското Министерство за одбрана, на државата и на самиот претседател (Владимир Путин)“, рече новинарот.
Без да обезбеди докази, Киселев рече дека Вагнер добил 858 милијарди рубљи (8,8 милијарди евра) народни пари.
Еден од главните фактори зад бунтот на групата Вагнер беше одбивањето на руското Министерство за одбрана да ги „продолжи профитабилните договори“ потпишани со угостителската групација Конкорд во сопственост на Пригожин, рече новинарот.
Бунтот на групата минатата недела ги потресе руските власти среде војната во Украина. Платениците неколку часа го окупираа штабот на руската војска во Ростов на Дон и се упатија кон Москва.
Бунтот заврши со договор за заминување на Пригожин во Белорусија. Не се најавени казни за борците на групата, но се чини дека иднината на бизнисот на Пригожин е неизвесна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…