Руската Дума одлучи: 15 години затвор за лажни вести поврзани со војската – Би Би Си ги повлекува новинарите од Москва
Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина.
Оценувајќи дека Москва веројатно сака да го „криминализира независното новинарство“, генералниот директор на Би Би Си, Тим Дејви истакна во соопштението дека „не постои друг избор освен времено суспендирање на работата на сите новинари на Би Би Си Њуз“ на територијата на Русија.
Тој нагласи дека рускиот сервис на Би Би Си ќе продолжи да известува надвор од Русија.
Руските власти денеска го ограничија пристапот до веб-страниците на четири независни медиуми, зајакнувајќи ја контролата врз информациите додека Москва спроведува инвазија на Украина.
Според регистарот на медиумскиот регулатор (Роскомнадзор), во Русија е ограничен пристапот до сајтот на руски јазик на британскиот Би Би Си, сајтот на германската радио и телевизија Дојче веле (DW), како и до веб-страниците на Медуза и Радио Свобода, рускиот огранок на Радио Слободна Европа.
Руската Државна Дума денеска едногласно ги усвои измените на Кривичниот законик, според кои е предвидена казна затвор до 15 години за изнесување лажни информации за дејствијата на руската армија во воените операции и за дискредитација на војската.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…
Украински разузнавачи: „Руските ресурси за војна може…
Руските ресурси за војна може да ѝ…