Објавено на:

Руската новинарка која се спротивстави на инвазијата, побегна од домашен притвор

t

Руската новинарка Марина Овсјаникова (44), која протестира против нападот на Украина во директен пренос, денеска потврди дека побегнала од домашен притвор, каде што заврши поради наводно ширење лажни вести.

Се сметам себеси за целосно невина и бидејќи нашата земја одбива да ги почитува своите закони, одбивам да ја почитувам забраната што ми беше наметната на 30 септември 2022 година и се ослободувам од неа, напиша таа на својот канал на „Телеграм“.

Нејзиниот адвокат рече дека новинарката требало да се појави на сослушувањето во 10 часот по московско време и дека моментно не се знае каде се наоѓа.

Во август Овсјаникова беше осудена на два месеца домашен притвор за протестот во јули, каде што стоеше до Кремљ со плакат на кој рускиот претседател Владимир Путин го нарекува убиец, а неговите војници фашисти.

Таа се соочува со затворска казна до десет години за ширење лажни вести за руските вооружени сили.

Нејзиниот домашен притвор требаше да трае до 9 октомври, но државниот медиум „Раша тудеј“ во саботата објави дека таа побегнала со својата ќерка (11) и не се знае каде се наоѓаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Гази Баба утре ќе остане…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на…

Украинец уапсен во Хрватска поради наводна саботажа…

Украински државјанин е уапсен во Хрватска поради…

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот…

Формирана е комисија за надзор над случајот…

Возач прегазил 10 годишно дете во Градско…

МВР информира дека вчера попладне во СВР…

Романија би можела да го воведе еврото…

Романија би можела да го усвои еврото…